Баерн постави бундеслигашки рекорд

290

Во рамките на 17.коло на Бундес лигата, Баерн Минхен го совлада Хофенхајм со 3:0 на „Алијанц арената“ во Минхен. Според сајтот за статистика „Опта“, „баварците“ постигнуваат гол(ови) на 65 едноподруго натпревар на домашен терен. Тоа е нов бундеслигашки рекорд.
Последен пат Баерн не постигнал гол на „Алијанц арена“ на 9 февруари 2020 година во меч против Лајпциг (0:0).
Претходниот рекорд од 64 меча по ред со гол на домашен терен исто така беше во сопственост на Баерн во периодот од 2012 до 2014 година.
Баерн моментално е на второто место на табелата во Бундес лигата со поен помалку од лидерот Баер Леверкузен.

ПретходноДенеска на ЕП: Словенија против Полска, БиХ со Холандија
СледноСофија Гоџа маестрална на спустот во Алтенмаркт