Бразил и Аргентина ги дознаа казните од ФИФА за нередите на „Маракана“

245

ФИФА донела одлука во врска со скандалозниот натпревар од квалификациите за СП 2026 година помеѓу Бразил и Аргентина на „Маракана“.

ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Бразил со 58.000 американски долари поради пропусти во организацијата на мечот и невоспоставување на ред на трибините.

Фудбалската асоцијација на Аргентина е казнета со 23.500 американски долари за нереди на навивачите на и надвор од стадионот.
Дополнително ФА на Аргентина е казнета за непримерното однесување на навивачите за време на натпреварите со Еквадор и Уругвај. ФА ќе треба да инвестира 58.800 американски долари во едукативен анти-дискриминирачки програм на ФИФА плус наредниот квалификациски меч од квалификациите на домашен терен, во септември против Чиле, ќе го игра со 50% од капацитетот на стадионот.

Како потсетување нередите на „Маракана“ се случијана 22 ноември минатата година. Мечот почна со пол часовно задоцнување поради тепачки надвор и на стадионот. Оградата беше скршена за време на интонирањето на химните поради што навивачите се степаа меѓу себе. Полицијата мораше да реагира остро за да ги растргне хулиганите.

ПретходноВо Берлин се бара билет повеќе: Македонските фанови ќе чекаат до последно!
СледноЛазаров: Германците имаат цврста дефанзива, треба да сме ментално силни и помалку да грешиме