Во Берлин се бара билет повеќе: Македонските фанови ќе чекаат до последно!

564

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Во Берлин бројот на македонски навивачи се очекува да биде во поголем број од оној во Дизелдорф. Ракометарите првиот меч на ЕП го играа на стадионот „Меркур Шпил Арена“ бидејќи се најдоа во групата со домаќинот на овој шампионат. Германците одлучија да го урнат рекордот по посетеност на еден натпревар, па токму затоа првото коло се играше на стадион пред 53.586 гледачи.

Следен противник на Кирил Лазаров и неговите момци е токму Германија. Мечот се игра во недела во „Мерцедес Бенц Арена“ со почеток во 20:30 часот.

Добро е познато дека домашните фанови многу одамна ги откупија сите билети за нашата група А. Па дел од македонските фанови кои сакаа да дојдат во последен момент мораа да се откажат од овој јануарскиот поход.

Но, има и такви кои до последно ќе чекаат да им се насмевне среќата. Македонските иселеници кои живеат во Берлин, но и во градовите близу до него се надеваат дека сепак ќе најдат начин како да дојдат до билет за да ги бодрат ракометарите на дуелот против Германците.

Во Дизелдорф имаше „тапкароши“, кои картите ги продаваа за тројно поголема цена. Таму имавме среќа да поразговараме со Македонка која живее во Германија.

„Германците одамна ги купија сите билети. Сега е веќе доцна да се најде карта повеќе, салите се распродадени“, не информираше нашинката која долго време е во оваа земја.

Германците го наполнија стадионот, атмосферата против Швајцарија беше пеколна, не очекуваме да биде нешто поразлично и за нашата средба.

ПретходноХрватска ја понижи Шпанија како никогаш, прочитајте и зошто!
СледноБразил и Аргентина ги дознаа казните од ФИФА за нередите на „Маракана“