Душебаев: Не се сеќавам кога сме имале ваков ден! Како да игравме во Хрватска!

1273

Хрватската ракометна репрезентација имаше брилијантен старт на настапот на Европското првенство во Германија, совладувајќи ја селекцијата на Шпанија со 39:29 во САП Арената во Манхајм. Тоа беше еден од најтешките порази од една од најсилните селекции во светот.

„Хрватска беше подобра во се, не се сеќавам кога сме имале ваков ден. Не можевме да направиме ништо. Арената беше како да играме во Хрватска. Сега треба да ги опуштиме главите и да продолжиме, да го добиеме следниот меч, па што ќе биде – ќе се случи. Ова е само почеток на Европското првенство. Не е многу добро за нас, но не се откажуваме“, изјави Алекс Душебаев. 

ПретходноСензационален трансфер, Модриќ си најде нов клуб!
СледноХрватска ја понижи Шпанија како никогаш, прочитајте и зошто!