И Монца ја осети силата на “неро-аѕурите“: Интер маршира кон титулата…

322

Каков е овој Интер? Страшен е овој Интер! Лидерот на табелата Серија А вечерва на гости кај Монца со 1:5 просто го декласира домашниот состав и покажа уште еднаш дека е најсериозен кандидат за титулата. Одличен настап на тимот на стратегот Симоне Инзаги и нова, убедлива победа, пет гола и нови три бода.

Се започна со голот на Чалханоглу во 12.минута од пенал за 0:1, водството го удвои Лаутаро само две минути подоцна.

Во 60.минута Чалханоглу, по асистенцијата на Тирам зголеми на 0:3. Монца се закани во 68.минута со голот на Песина за 1:3, но затоа Лаутаро и Тирам ставија точка за 1:5, на овој меч.

Лаутар Мартинез сега има 18 голови во 20 меча, или двојно повеќе од тие што се на второто место на листата на стрелците.

Интер со оваа победа има 5 бода предност пред Јуве, но и меч повеќе.

ПретходноСензација на ЕП: Фарски Острови одигра реми со Норвешка
СледноХаос во Англија: Фановите на Рединг влетаа на терен и го прекинаа мечот со Порт Вејл! (ВИДЕО)