СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Денеска во „Мерцедес Бенц Арена“ на програмата е второто коло од групата Д. На првата средба, поточно на дуелот меѓу Полска и Словенија (18 часот) правдата ќе ја дели најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Ова ќе биде и прва задача за нашите судии на Европското првенство кое се одржува во Германија.
Покрај оваа средба во Берлин, во терминот од 20:30 часот силите ќе ги одмерат Фарски Острови и Норвешка.
Инаку на истото место, но во недела, македонската ракометна репрезентација ќе ги одмери силите против домаќинот, Германија. Мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.
Денеска ќе се одиграа мечевите од групата Е: Босна првата победа ќе ја бара против Холандија (18 часот), додека Шведска ќе се сретне со Грузија (20:30 часот). Во групата Ф, Чешка игра против Португалија (18 часот), а Данска против Грција (20:30 часот).