Со гол во 96. минута, Наполи се спаси од нов срам во Серија А лигата. Салернитана попладнево беше на чекор да му одземе бод на шампионот на стадионот „Марадона“ и можеби да го остави без работа тренерот на Наполи, Валтер Мацари, но негов спасител беше Рахмани, кој погоди во 96. минута за триумф од 2:1 во 20. коло од Серија А.
Саларенитана ги шокираше наполитанците во 29. Минута, по што следеа напади на домашните, на кои им беше досуден пенал во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Политано ја презеде одговорноста и беше сигурен од 11 метри, за 1:1.
Во продолжение Наполи доминираше во поседот на топката, но не успеа да го пробие ѕидот пред голот на гостите. Сепак, Рахмани со гол во 96. минута донесе три бода за наполитанците.
🇮🇹 Amir Rrahmani as if he was a central forward! 🇽🇰😍#SerieA | #NapoliSalernitana
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) January 13, 2024
Во вториот меч попладнево, Џенова и Торино одиграа 0:0.