Кевин Де Брујне и тоа како покажа што значи за Манчестер Сити. Очигледно е дека му недостигал фудбалот по таа повеќемесечна пауза поради повреда, па вечерва на “Сент Џејмс Парк“ во фантастичен меч му донесе победа на својот Сити со 2:3.
Но, да тргнеме од почеток. Силва во 26.минута стрелаше за 0:1, но набргу Исак во 35. и Гордон две минути подоцна донесоа еуфорија кај домашните фанови.
И тогаш Пеп Гвардиола го внесе во игра Де Брујне а овој му врати прво со гол во 74.минута за 2:2, а во 90+1.минута му асистираше на Боб за конечни 2:3.
Дури сега ривалите на Манчестер Сити, со Де Брујне во тимот, нека му ја мислат во таа битка за титулата.