Србинот е машина: Прв трипл-дабл за Јокиќ во оваа година!

1673

Кошаркарите на Денвер дојдоа до нова победа (125-113) против Њу Орлеанс, а во центарот на вниманието и овој пат беше Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар зад своето име запиша трипл-дабл од 27 поени, 14 асистенции и 10 скока.

Покрај него добра партија пружи, Портер со 20 поени и 10 скока. На другата страна Зајон Вилијамсон имаше 30 поени.

Денвер е на третото место во Западната конференција со скор од 27/13, додека пак Пеликанс се шести со скор од 23/16.

Резултати: Атланта – Индијана 108:126, Детроит – Хјустон 110:112,  Филаделфија – Сакраменто 112:93, Чикаго – Голден Стејт 131:140, Мемфис – ЛА Клиперс 119:128, Мајами – Орландо 99:96, Минесота – Портланд 116:93, Сан Антонио – Шарлот 135:99, Јута – Торонто 145:113, Денвер – Њу Орлеанс 125:113.

ПретходноСелекторот на Хрватска: Шпанците и да играа со осум играчи ништо немаше да смени!
СледноЕП 2024: Начевски и Николов со прва задача и тоа во Берлин