Фантастично деби на Аврамовски: Гол со ножички на првиот меч за Болуспор (ВИДЕО)

2517

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски дебитираше во дресот на турскиот второлигаш Болуспор на најдобар можен начин. На денешниот дуел со Аданспор на гостински терен, Аврамовски постигна прекрасен гол со ножички и најави дека ќе биде еден од носителите на играта на Болуспор во трката за место во плеј-офот.

Болуспор поведе благодарение на голот на популарниот Цујо во 30. минута, но само десетина минути подоцна тимот остана со играч помалку, откако поради два жолти картони исклучен беше еден од гостинските играчи.

Во вториот дел домашните успеаја да израмнат. Аврамовски ги одигра сите 90 минути за гостите.

ПретходноМаневски се врати во Брегалница
СледноШпанските судии со контрадикторни изјави на сослушувањата за случајот „Негреира“