Астон Вила одлучи да го раскине договорот со произведувачот на дресови Касторе поради големи проблеми со кои се соочуваат фудбалерите и фудбалерките на натпреварите. Овогодишниот дрес на Астон Вила не впива пот како што е предвидено, па тој после само неколку минути е толку мокар што ќе се залепи за телото и фудбалерите и фудбалерките чувствуваат неудобност при играње.
Тоа посебно преставуваше проблем за фудбалерките затоа што навивачите често на социјалните мрежи се потсмеваа и после секој меч прогласуваа „Мис мокра маичка“.
Иако Касторе ветил дека ќе направи промени на дресот, сепак, сопственикот на клубот Насеф Савирис одлучи да го раскине договорот и да потпише договор со Адидас. Ова не е изненадување затоа што Египќанецот има 8 отсто уддел во Адидас.