Судијата Џон Нуњез Фернандез, кој му беше помошник судија на Едуардо Итуралде Гонзалес, говорејќи пред шпанската цивилна гарда, изјавил дека во пресрет на „Ел Класико“ дуелот во 2010 година, во кое Барселона го совлада Реал Мадрид со 5:0, во тоа време заменик претседателот на Судиската комисија на Шпанска фудбалска федерација, Хозе Негреира им организирал ручек и вечера.
Сепак, самиот Едуардо Итуралде Гонзалес, кој беше главен судија на тој меч, изјави дека не памети дека имало такви средби со Негреира пред Ел Класико во 2010 година.
Барселона е обвинета дека му плаќала на Негреира неколку години по ред за да ги принудува судиите од Ла Лига да носат одлуки во корист на тимот. Како одговор на овие обвинувања, Каталонците рекоа дека Негреира само составувал технички извештаи за нив кои се однесуваат на младите шпански играчи и некои аспекти од судењето.