Ѓоковиќ пред АО: Зглобот е добар, се надевам на успешен настап

143

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ поради повреда го изгуби дуелот со Де Минор во Бризбејн. Тогаш се пожали на болки во зглобот на раката и не можеше да одигра максимално.
Во пресрет на првиот настап на АО, Новак зборуваше за повредата и за тоа што претстои.
Зглобот е добар. Од последниот меч на Јунајтед купот имав време да се одморам. За сега не чувствувам болки додека тренирам. Изгледа добро. Не е сериозно како повредите кои ги имав во 2021 и минатата година, тоа беа полоши повреди. Не можам да предвидам дали ќе се врати, мораме да видиме“, изјави Ѓоковиќ.
Во 2021 година Ѓоковиќ имаше проблеми со стомачните мускули, а минатата година бутниот мускул меѓутоа успеа да ги освои трофеите во Мелбурн.
Ова е терен на кој постигнувам големи нешта. Се надевам дека можам да бидам на нивото на кое играв минатата година, тоа беше едно од највисоките нивоа. Долга е годината, прво Мелбурн, па потоа се останато“, изјави Ѓоковиќ кој ќе го отвори турнирот со дуелот против Дин Прижмиќ.

ПретходноСофија Гоџа маестрална на спустот во Алтенмаркт
СледноТежок пад на Килде, со хеликоптер пренесен во болница (ВИДЕО)