Екипата на Воска Спорт денеска го потврди договорот со Бразилецот Андре Менсалао, кој во Воска доаѓа од ерменскиот тим на Вест Ерменија.
Менсалао е познато име и за нашиот локален фудбал, бидејќи во 2022 година ги бранеше боите на Шкендија. Станува збор за играч за врска, кој исто така игра како офанзивен играч.
За екипата на Вест Ерменија одигра 17 натпревари, постигна 4 гола и 4 асистенции.