Германската ракометна репрезентација на дуелот со Македонија утре ќе игра без ветеранот Каи Хефнер, кој стана татко по вторпат. Од германски извори стигна информација дека неговата сопруга Саскија во петокот вечерта го роди синот Мати.
“Тој стана татко по вторпат во петокот навечер. Се роди неговиот син. Тој е добро. Сега треба да видиме дали воопшто да игра во недела. Тој може да биде овде, но дали ќе го игра, не верувам“, изјави спортскиот директор на германската репрезентација, Аксел Кромер.
34-годишниот десен бек и специјалист за одбрана најверојатно ќе добие поштеда за мечот со Македонија.