Тиквеш денеска и официјално го потврди младинскиот репрезентативец на Летонија, Артјомс Пузиревскис, кој ќе биде ново име во редовите на кавадарчани за вториот дел од сезоната.
Пузиревскис во Кавадарци доаѓа од редовите на Мета од Летонија и ќе биде освежување за деснокрилната позиција.