Победа на Одермат во Венген во сенка на тешкиот пад на Килде

130

Марко Одермат е победник на машкиот спуст во Венген кој помина во сенка на страшниот пад на Норвежанецот Колде кој беше итно пренесен во болница. Норвежанецот, кој е трет во вкупниот пласман и во спуст, доживеа несреќа непосредно пред целта.

Прекинот траеше повеќе од половина час. Инаку, тоа не беше единствениот пад, туку беше оној со најтешки последици. Што се однесува до самото натпреварување, локалниот натпреварувач Марко Одермат повторно славеше, како и вчера и остана во водство во генералниот пласман и во спуст.

Зад него заврши Французинот Сиприен Сарасин со 59 стотинки заостанување, а третото место го зазеде Италијанецот Доминик Парис.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Летонецот Пузиревскис потпиша за Тиквеш
СледноМаневски се врати во Брегалница