Рахмани за победа на Наполи и спас за тренерот Мацари (ВИДЕО)

131

Со гол во 96. минута, Наполи се спаси од нов срам во Серија А лигата. Салернитана попладнево беше на чекор да му одземе бод на шампионот на стадионот „Марадона“ и можеби да го остави без работа тренерот на Наполи, Валтер Мацари, но негов спасител беше Рахмани, кој погоди во 96. минута за триумф од 2:1 во 20. коло од Серија А.

Саларенитана ги шокираше наполитанците во 29. Минута, по што следеа напади на домашните, на кои им беше досуден пенал во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Политано ја презеде одговорноста и беше сигурен од 11 метри, за 1:1.

Во продолжение Наполи доминираше во поседот на топката, но не успеа да го пробие ѕидот пред голот на гостите. Сепак, Рахмани со гол во 96. минута донесе три бода за наполитанците.

Во вториот меч попладнево, Џенова и Торино одиграа 0:0.

ПретходноШабан Зенку го облече дресот на Струга
СледноЕлмас доби само 7 дебитантски минути во поразот на Лајпицг (ВИДЕО)