Фарски Острови успеа да освои бод против големата Норвешка. Ова беше драматичен меч, норвешките ракометари имаа шанса да дојдат до победа, но противникот одлично се снајде во самиот финиш, со три гола во низа дојде до 26-26. За Фараните ова беше прв бод на Европските првенства.
Рејкинд направи глупост, наместо мирен финиш, доби две минути исклучување, а на другата страна Фарски Острови од седум метри со голот на Скипаготу на три секунди пред крајот се радуваше сосема заслужено. Токму овој ракометар успеа да ја украде топката.
Шведска ја оправда фаворитската улога против Грузија (42-26). Карлсон со седум гола беше најдобар кај победникот, на другата страна Арсенашвили погоди шест пати.
И Данска беше убедлива, ја совлада Грција со 40-28. Дамгард со 11 гола беше најдобар стрелец кај победникот, а Кедерис и Боскос погодија по четири пати во редовите на Грција.