Италијанката Софија Гоџа ја забележа првата победа во спуст сезонава во Светскиот куп во алпско скијање откако имаше маестрално возење на патеката Алтенмаркт во Австрија. По вчерашното излетување од патеката во супервелеслаломот, италијанската „кралица“ се врати на патеката со триумф.
Второто место го освои Стефани Вение од Австрија, а третото место го поделија Никол Делаго од Италија и Мирјам Пухнер од Австрија.
Утре во Алнемаркт на програмата е уште еден супервелеслалом.
Во генералниот пласман води Шифрин со 929 бодови, пред Брињоне со 765 и Влхова со 722. Во спустот лидер е Гоџа со 230 поени пред Јасмин Флури од Швајцарија со 137 бодови.
Sofia Goggia, che gara.
Che discesa. che reazione.
Uno spettacolo! 🤩🎿🇮🇹#EurosportSCI #SciAlpino #AlpineSkiing #Goggia pic.twitter.com/SalIFHG62n— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 13, 2024