Фудбалерите и фудбалерките на Вила не сакаат да го носат „мокриот дрес“, клубот презеде мерки

4130

Астон Вила одлучи да го раскине договорот со произведувачот на дресови Касторе поради големи проблеми со кои се соочуваат фудбалерите и фудбалерките на натпреварите. Овогодишниот дрес на Астон Вила не впива пот како што е предвидено, па тој после само неколку минути е толку мокар што ќе се залепи за телото и фудбалерите и фудбалерките чувствуваат неудобност при играње.
Тоа посебно преставуваше проблем за фудбалерките затоа што навивачите често на социјалните мрежи се потсмеваа и после секој меч прогласуваа „Мис мокра маичка“.
Иако Касторе ветил дека ќе направи промени на дресот, сепак, сопственикот на клубот Насеф Савирис одлучи да го раскине договорот и да потпише договор со Адидас. Ова не е изненадување затоа што Египќанецот има 8 отсто уддел во Адидас.

 

ПретходноТежок пад на Килде, со хеликоптер пренесен во болница (ВИДЕО)
СледноПалмер му донесе три бода на Челзи