Хрватска ја понижи Шпанија како никогаш, прочитајте и зошто!

1444

Шпанија зад себе ја има најтешката вечер. Финалистот од последното Европско првенство запиша убедлив пораз од Хрватска на отварањето на континенталното натпреварување, беше совладан со 39-29. За играта на „коцкестите“ ќе се зборува долго време, она што го прикажаа на терен не може да се доволи со зборови, треба само да се доживее.

За Шпанија пак ова беше еден од најтешките мечеви во историјата. Прочитајте и зошто:

-Ова е најубедлив пораз на Шпанците на европските шампионати, после неславниот рекорд од „минус осум“ гола од Франција на ЕП 1996 година.-Шпанија синоќа прими најмногу голови во нејзината историја на ЕП (39). Поранешниот рекорд е 36 гола, и тој доаѓа од Русија пред точно 20 години.

-Ова е втор најголем пораз од десет гола, претходниот е од истиот ривал, откако Шпанците беа понижени со 32-22 од Хрватска и на СП 2009.

Што се однесува до Хрватска, на дуелот против Шпанија запиша нов рекорд од најмногу голови, претходниот беше 38 против Украина во 2022 година.

ПретходноДушебаев: Не се сеќавам кога сме имале ваков ден! Како да игравме во Хрватска!
СледноВо Берлин се бара билет повеќе: Македонските фанови ќе чекаат до последно!