Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ поради повреда го изгуби дуелот со Де Минор во Бризбејн. Тогаш се пожали на болки во зглобот на раката и не можеше да одигра максимално.
Во пресрет на првиот настап на АО, Новак зборуваше за повредата и за тоа што претстои.
„Зглобот е добар. Од последниот меч на Јунајтед купот имав време да се одморам. За сега не чувствувам болки додека тренирам. Изгледа добро. Не е сериозно како повредите кои ги имав во 2021 и минатата година, тоа беа полоши повреди. Не можам да предвидам дали ќе се врати, мораме да видиме“, изјави Ѓоковиќ.
Во 2021 година Ѓоковиќ имаше проблеми со стомачните мускули, а минатата година бутниот мускул меѓутоа успеа да ги освои трофеите во Мелбурн.
„Ова е терен на кој постигнувам големи нешта. Се надевам дека можам да бидам на нивото на кое играв минатата година, тоа беше едно од највисоките нивоа. Долга е годината, прво Мелбурн, па потоа се останато“, изјави Ѓоковиќ кој ќе го отвори турнирот со дуелот против Дин Прижмиќ.