Новак е во 2.коло на АО: КРАЛОТ се шегуваше со публиката, загуби и сет, но сепак го “скрши“ младиот Хрват! (ВИДЕО)

369

Новак Ѓоковиќ, КРАЛОТ на тенисот е во 2.коло на Австралија Опен во Мелбурн. На стартот на првиот гренслем за 2024 година, Србинот со 3:1 во сетови успеа да го победи младиот Хрват, Дино Прижмиќ и да продолжи кон 11-тата титула на АО или вкупно 25 гренслем трофеј.

Сепак не беше така лесно, Прижмиќ на моменти одигра фантастичен меч, дури го освои и вториот сет, сепак се знае кој е кој во моментов.

Новак на моменти се мачеше, сепак имаше што да покаже на воодушевенета публика на “Род Лејвер Арената“ во Мелбурн.

Првиот сет Новак го доби со 6:2 во гемови, во вториот се играше тајбрејк кој го доби Хрватот со 7:5, потоа следуваше подобра игра на Новак во третиот и четвртиот сет, беше 6:3 и 6:4.

Да кажеме дека на моменти Ноле знаеше и да се пошегува со публиката. Во еден момент кога Хрватот требаше да сервира, се слушна ѕвонење од еден мобилен од публиката, а Новак онака шмекерски го запраша невнимателниот гледач:

Ќе се јавиш ли? Што наиде на смеа кај присутните.

ПретходноКузмановски: Ветувам поборбена Македонија! За германскиот систем не треба да трошиме зборови!
СледноПортугалците Даниел и Роберто Мартинс ќе и судат на Македонија со Германија!