Фудбалерите на Милан на свој терен ја совладаа Рома 3:1 во 20. коло од италијанската Серија А. „Росонерите“ вечерва на Сан Сиро сосема заслужено стигнаа до трите бода, бидејќи беа многу подобри од гостите од Рим.
Јасин Адли во 11 минута погоди за водство од 1:0, а по центаршутот од левата страна, во 56 минута, Оливие Жиру зголеми и на 2:0.
🚨GOAL | Milan 1-0 Roma | Yacine Adli
Follow our partner page @ocontextfutebol pic.twitter.com/APU0mI7Ln4
— VAR Tático (@vartatico) January 14, 2024
🚨GOAL | Milan 2-0 Roma | Giroud
Follow our partner page @ocontextfutebol pic.twitter.com/8u0egWoWRb
— VAR Tático (@vartatico) January 14, 2024
Мала надеж за гостите беше голот од пенал на Леандро Паредес во 69 минута.
Сепак, се падна во вода за гостите во 84. минута кога проработи француската врска меѓу Жиру и Тео Ернандез, а дефанзивецот по двојното додавање испрати проектил над главата на Свилар за конечни 3:1.
🚨GOAL | Milan 3-1 Roma | Theo Hernandez
Follow our partner page @ocontextfutebol pic.twitter.com/cbDWZJT1mx
— VAR Tático (@vartatico) January 14, 2024