Брера Струмица го претстави третото ново име во своите редови во зимскиот преоден рок. По Ивковиќ и Олаосебикан, нов играч на струмичката екипа е младиот и перспективен Лука Георгиев кој доаѓа од второлигашот Осогово од Кочани.
Георгиев неколку пати беше најдобар играч на натпреварите на Осогово и постигна два гола во дуелите со Кожув и Новаци.
,, Среќен сум што од Осогово кој се натпреварува во Втората лига дојдов во Брера Струмица. Доаѓањето во овој клуб преставува императив за секој фудбалер, бидејки зад овој проект стои и името на Горан Пандев и се дава простор и шанса на младите. Ќе се обидам да дадам се од себе и секоја шанса што ќе ми биде дадена да ја оправдам. Се надевам дека и овде ќе постигнувам голови на задоволство на сите. Моите први впечатоции во Брера се позитивни пред се од приемот но и работата на стручниот штаб,, вели младиот Георгиев кој деновиве почна да тренира со сениорите на нашиот прв тим.