Велковски: Мораме да ги лимитираме нивните лесни голови!

77

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Германија одигра цврсто во одбрната против Швајцарија, што пак беше и причина за лесните постигнати голови на оваа пресметка, дел од транзиција. Лидерите на Швајцарија беа фрлени во сенка на германската дефанзива и одличниот Волф. Нашите ракометари вечерва (20:30 часот) мораат да бидат внимателни, со помалку техниќки грешки доколку сакаат да бидат рамноправен противник.

„Се подготвувавме неколку дена за овој натпревар, мислам дека пред нас е исто така тежок меч како со Франција. Добро знаеме дека Германија има исклучително добра одбрана, видовме дека на првиот меч со Швајцарија и голманите им беа расположени, но ние мораме да гледаме на сопствената игра, да ги поправиме грешките од првиот меч. Тука пред се мислам да бидеме попрецизни во нападот, да немаме толку технички грешки, туку да правиме предност во играта „еден на еден“ и да создаваме подобри чисти ситуации за постигнување гол. Се надевам дека ќе делуваме многу подобро отколку против Франција, каде се мачевме на периоди во нападот, па моравме да играме и „седум на шест“, вели Мартин Велковски.

Главен аспект за добар натпревар против фаворитот за освојување на еден од медалите е да се сопрат неговите брзи контранапади и лесни голови, само на овој начин Македонија може да се надева на рамноправен дуел.

„Видовме дека една од најважните работи во играта на Германија е преку таа цврста одбрана да изнуди технички грешки од противникот и потоа да постигне лесен гол на спротивната страна. Тоа ќе биде многу важен аспект во играта вечерва, работевме во последните денови да бидеме поквалитетни во нападот, попрецизни во додавањата, се со цел да бидеме поефикасни во нападот, но и да ги лимитираме лесните голови на противникот од контри и полуконтри“.

ПретходноГи победија Атлетико, Барса, Валенсија, но не успеаја последнопласираниот
СледноAстон Вила освои бод на „Гудисон парк“ и деветти меч по ред не е поразена од Евертон