СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) го игра вториот меч од групната фаза Европското првенство. Во „Мерцедес Бенц Арена“ која има капацитет од 17.000 места, нашите момци ќе се вкрстат „копјата“ со уште еден фаворит за медал, селекцијата на Германија. На трибините ќе биде пеколно за „црвено-жолтите“, оваа репрезентација е домаќин, а Германците одамна ги откупија сите билети, Македонците бараат билет повеќе.
Со Германија немаме позитивен биланс, имаме одиграно пет меча, четири од нив завршиле во корист на противникот, додека еден заврши без победник 25-25. Токму оваа средба е последната пресметката меѓу двете репрезентации.
Станува збор за меч од групната фаза на ЕП 2028 година во Загреб, Македонија имаше шанса да дојде до победа, но Столе Стоилов не успеа да реализира за комплетен делириум на трибините.
Тогаш селектор беше Раул Гонзалес. Шпанецот повика тајм-аут, кој беше легендарен. Токму Стоилов се уфрли со уникатна идеја „Лажен цепелин“. На крајот се одбранивме и освоивме злато вреден бод па сега во следната фаза одиме со големи 3 бода.