Иван Ивановски се чини дека сепак оваа зима ќе го засили нападот на Гостивар. Како што дознаваме, гостиварци доставиле нова понуда до Тиквеш за неговите услуги, и тоа како зголемена од таа што ја доставија пред две – три недели. И сега Тиквеш е на потег, ама по се изгледа дека оваа новата понуда ќе биде прифатена од страна на кавадарчани.
Да потсетиме дека пред празниците Гостивар и Тиквеш интензивно преговараа за еден од најдобрите играчи во есенскиот дел во ПМФЛ, но тогаш немаше договор и се чинеше дека Ивановски ќе остане во Тиквеш, но очигледно е дека Гостивар и тоа како притиска конечно да се реализира овој трансфер.