Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами ја забележа третата победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање откако утринава беше најдобра во супервелеслаломот во Алтенмаркт, Австрија. Претходните две победи и беа во велеслаломските трки во Килингтон, САД и на отворањето на сезоната во Золден, Швајцарија.
За Лара тоа е 40-та победа во Светскиот куп. На второто место се пласираа Корнелија Хитер и Мирјан Пухнер, двете од Австрија. Тие го повторија успехот од саботата кога исто така ги заземаа второто односно третото место на подиумот.
Следната трка е слаломот во Флахау, Австрија на 16 февруари.
И кај мажите трета победа на Мануел Фелер од Австрија. Тој денеска беше најдобар во слаломската трка во Венген, Швајцарија. Претходно победуваше во слаломските трки во Аделбоден и Гургл.
На второто и третото место се пласираа норвешките скијачи Атл Ли Мекграт и Хенрик Кристоферсен.
Следна станица кај мажите е Кицбил и тоа два спуста и еден слалом во период од 19 до 21 јануари.