Екс-вардарецот со порака: Македонија е незгоден противник, на Германија нема да и биде лесно!

445

Во Германија сите очи се вперени кон денешната втора средба на домаќинот на Европското првенство против Македонија. Дуелот се игра во 20:30 часот во „Мерцедес Бенц Арена“.

Германските ракометарии одиграа одличен меч против Швајцарија, која се прикажа под очекувањата, на теренот во бледо издание беа и бомбардерите од кои се очекуваше многу подобра партија.

Новинарите денеска на најразличен начин го најавуваат мечот. Има Германци кои се поврзани токму со Македонија, а еден од нив е Кристијан Дисингер. Поранешниот вардарец и македонски зет, кој е во брак со Марија Андоновска предупреди дека нашата репрезентација не треба да се потцени.

„Македонија е послаба од германскиот тим, но е многу непријатно да се игра против неа. На Германците ќе им биде потешко отколку против Швајцарија. Македонија има многу млади играчи кои имаат што да загубат. Германија, од друга страна, е под притисок. Германија ќе го добие дуелот, но нема да биде лесно како против Швајцарија“, вели Дисингер.

ПретходноТолку беше од Бензема во Ал Итихад!
СледноХеројот на Ф. Острови во една необична улога на својата фарма…