Фудбалската репрезентација на Египет не успеа да го совлада Мозамбик на стартот од натпреварите по групи на Африканскиот кп на нации. Денеска тимот предводен од Мохамед Салах, за малку ќе загубеше, откако до 95. минута Мозамбик водеше со 2:1, но благодарение на пеналот кој годобија Египѓаните средбата заврши со резултат 2:2.
По ремито на Нигерија со Екваторијална Гвинеја, сега Египет ги разочара своите навивачи. Египет подобро го отвори натпреварот и поведе во втората минута кога Мостафа Мохамед постигна гол по додавањето на Салах.
Почетокот на второто полувреме донесе голем шок кај присутните навивачи бидејќи Мозамбик за само три минути успеа целосно да го цврти мечот. Најпрвин Вити израмни во 55. минута, а три минути подоцна Клесио со својот гол испрати „ладен туш“ за Египќаните кои се најдоа во многу незавидна ситуација.
Мо Салах во седмата минута од судиското надополнување од белата точка успеа да го спаси Египет од пораз.
🚨🚨| GOAL: Mohamed Salah equalises from the spot! Egypt are level!!
Egypt 2-2 Mozambique.
pic.twitter.com/jJ826aRYE6— TTS. (@TransferSector) January 14, 2024