Кузмановски: Ветувам поборбена Македонија! За германскиот систем не треба да трошиме зборови!

140

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Германија е различен против од Франција, но не е ништо помалку послаба репрезентација. Оваа селекција игра на домашен терен, и на дуелот против Македонија (вечерва – 20:30 часот) ќе има максимална поддршка во „Мерцедес Бенц Арена“ која има капацитет од 17.000 места.

Зад нашите момци е дуелот со Франција на стартот на ЕП. Избраниците на Кирил Лазаров имаа добри моменти, беа рамноправен противник, особено во првото полувреме, а потоа следеше лекцијата: против фаворити не смеат да се дозволат 14 технички грешки.

Но, овој меч е зад нив, се вади само поуката, вака го почна и разговорот Филип Кузмановски со нас пред средбата со Германија.

„На видео-анализата видовме дека од дуелот со Франција имавме навистина позитивни работи, особено во првото полувреме. Видовме и каде грешевме, навистина треба да ни биде криво за грешките што ги направивме. Бевме максимално мотивирани, но сепак тоа е Франција. Видовте и сами каков ракомет игаат сите репрезентација. Ние бевме принудени да играме седум на шест, што пак не беше нашата цел. Оваа тактика е резервна, а за неа одлучува тренерот ние само треба да го дадеме најдоброто што го знаеме“, изјави Кузмановски. 

За Германците навистина нема многу што да се зборува, има силна репрезентација, го има Андреас Волф. Грешките мора да се сведат на минумум. Полните трибини ќе бидат мотив за нашите ракометари. Кузмановски најдобри го познава нивниот систем.

„Имавме четири дена да се подготвиме, ја анализиравме Германија. Добро го познавам нивниот систем и начин на игра и за какви борци станува збор. Многу е тешко да се влезе во репрезентација, во составот ги има најдобрите играчи. Играат на домашен терен пред полни трибини, сигурно ќе бидат многу мотивирани. Видовме како одиграа против една Швајцарија која играше поинаку на пријателските натпревари, даваше преку 30 голови, но против Германија до 50 минута имаше само 10 гола. Сето ова кажува дека денеска не чека еден тежок натпревар, Германија има „густа“ одбрана, а на голот го има Волф, за кого не треба да се трошат зборови, сите знаеме каков голман е. Мора да внимаваме, да бидеме тактички подготвени против него.

Ветувам една подобро игра против Германија, една поборбена Македонија. Во одбраната ќе бидеме поагресивни, ќе дадеме се од себе. Играме пред полна сала, што пак е дополнителен мотив за нас, сакаме да изненадиме“, вели Кузмановски. 

ПретходноФантастична идеја: Болниот Ериксон да го води Ливерпул на еден меч!
СледноНовак е во 2.коло на АО: КРАЛОТ се шегуваше со публиката, загуби и сет, но сепак го “скрши“ младиот Хрват! (ВИДЕО)