Лазаров: Со толку дадени топка в рака на противникот, не може да се игра со Германија

524

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

По денешниот пораз од Германија, селекторот Кире Лазаров смета дека повторно ни се повторија оние бројни технички грешки и продадени топки во нападот, со кои тешко беше да се игра против домаќинот на првенството.

„Искрено не можам да бидам задоволен од она што го прикажавме. Имавме добри моменти како и на средбата со Франција, но и слаби моменти. По некоја слободна проценка имавме повторно над 15 технички грешки. Тогаш не можеме ниту да поставиме одбрана со дадени топки во рака. Германија е цврста репрезентација, се обидовме да бидеме компетитивни, но лошо започнавме. Потоа цело време се обидувавме да воспоставиме играчка рамнотежа, но колку повеќе трошевме сила, тие знаеја да дадат 3-4 гола по ред и да го решат противникот. Во овој момент Германците се класа подобри од нас. Видовме како трчаат, како шутираат, како се движат, но и ние имавме светли моменти, па тоа е. Видовте млади македонски играчи, треба да се работи и натаму, а во овој момент не е реално да очекуваме победи против Франција и Гермнаија. Имаме еден ден да се фокусираме, да ги средиме главите, и да се обидеме против Швајцарија, против која нема да биде лесно“, вели Лазаров.

ПретходноВтор пораз на ЕП: Македонските ракометари немоќни пред германската машинерија (ФОТО)
СледноМарко Митев: Едноставно Германците се физички многу помоќни од нас!