СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Македонија во својот втор меч на ова ЕУРО 2024 повторно со пораз. Вечерва во “Мерцедес Бенц Арената“ избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од Германија со 25:34.
Младиот Марко Митев имаше што да каже по овој натпревар:
“Ова беше енергичен натпревар со многу квалитетна екипа. Германците се физички многу помоќни од нас, ние мораме да ставиме на `маса` што би рекол ако сакаме да се носиме со вака квалитетни репрезентации“.
Што може да се научи играјќи против вака силни селекции како Германија и Франција:
“Со играње против вака силни селекции како Франција и Германија се учи многу. Може да научиш на дуелите 1-1 како се игра или 2-2. Тие се што прават тоа го прават квалитетно. Ние мораме да биде посконцентрирани на натпреварите и да го дадеме повеќе фокус на тие детали за кои говориме пред семите мечеви“.
И на оваа средба имаше наши фанови на трибините во Арената во Берлин кои ја дадоа поддршката на нашите ракометари:
“Иако имаше многу германски навивачи, сепак Македонците се слушаа. Секако дека допре до нас и тие ни беа ветар во грб. Можам да кажам дека повеќе се слушаа нашите него нивните навивачи. Против Швајцарија очекувам добар натпревар, очекувам борба пред се, да се надеваме, ќе дадеме максимум па ќе видиме“ заврши Митев кој на оваа средба постига три гола.