Нигерија киксна на првиот меч на Африканскиот куп (видео)

96

Репрезентацијата на Нигерија, еден од фаворитите за титулата на Африканскиот куп на нациите киксна на првиот меч на турнирот. Во Абиџан не успеа да ја оправда фаворитската улога против Екваторијална Гвинеја и одигра само 1:1.
Екваторијална Гвинеја поведе во 36. минута со голот на Салвадор. Сепак, две минути подоцна Лукман нафрли, а со глава погоди Виктор Осимен.
Нигеријците имаа дури 15 шутеви на голот од кои шест прецизни но само еднаш топката заврши во противничкиот гол. Гвинејците со еден шут, постигнаа еден гол и го одбранија ремито. Голманот на Е.Гвинеја, Жесус Лазаро беше прогласен за играч на мечот.
Идното коло Нигерија ќе игра со домаќинот Брегот на Слоновата Коска кој вчера на премиерата ја совлада Гвинеја Бисао со 2:0. А Екваторијална Гвинеја ќе игра со Гвинеја Бисао во истото коло.

ПретходноAстон Вила освои бод на „Гудисон парк“ и деветти меч по ред не е поразена од Евертон
СледноБрера го донесе и младиот Лука Георгиев