Пред еден месец на Торонто му даде 40 поени, сега ќе игра за Ц. Звезда!

1422

Џавонт Смарт е новото име во редовите на КК Црвена Звезда кој доаѓа директно од НБА, од тимот на Филаделфија. Кошаркарот кој игра на позиции 1 и 2, секако дека ќе биде големо засилување, односно квалитетна замена за повредениот Недовиќ. Смарт со Ц. Звезда има договор кој важи до крајот на сезоната.

Интересно е тоа што оваа сезона за Филаделфија тој настапи на само еден меч, а за развојниот тим на сега веќе некогашниот клуб против развојниот тим на Торонто, успеа да постигне дури 40 поени.

ПретходноГерманија не го заборава Загреб, ние Македонците плус лажниот цепелин на Столе!
СледноАнгличаните со критики за Хрватот: На Гвардиол му недостига фудбалска интелегенција!