Пред „Мерцедес Бенц Арена“ има препродавачи на билети

307

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Голем дел од македонските фанови останаа дома поради недостиг на билети. Македонската ракометна репрезентација е во група со домаќинот на ЕП, Германија, па домашните фанови разбирливо многу порано ги купија сите карти за натпреварите на нивната селекција.

Овие денови „Фалангата“ бараше билет повеќе, на пат кон сала имаше луѓе кои препродаваат билети за денешните средби.

Цената на картите не онаа што се нудеше по легален пат, поточно на официјалниот сајт на ЕХФ. Најефтините во слободна продажба беа од 18 до 25 евра, сега истите веќе ги нема, ги нема ниту најскапите.

Сепак, оние кои навистина сакаат да ја бодрат Македонија, можат да си ја пробаат среќата.

Македонија и Германија играат во 20:30 часот.

ПретходноБрера го донесе и младиот Лука Георгиев
СледноСилекс се засили со фудбалер од ФК Сараево