ПСВ ита кон титулата, израмни рекорд стар 36 години!

256

Во Холандија овој викенд продолжува фудбалот по четиринеделна пауза, а ПСВ продолжи таму каде што застана со 17-та победа во 17 кола, завршувајќи ја првата половина од сезоната со перфектни перформанси од 51 поен. ПСВ го совлада Екселзиор со 3-1 .

ПСВ има 13 бода повеќе (и натпревар повеќе) од второпласираниот Феенорд и незапирливо ита кон јубилејната 25-та титула на холандскиот шампион, а прва од 2018 година.

Со овие 17 последователни победи на почетокот на сезоната го израмни клупскиот рекорд, но и рекордот на холандската лига, кој го постави во сезоната 1987/88 која ја заврши со својата единствена титула европски првак.

ПретходноСрцето на германската ракометна кралица ќе „чука„ за Македонија!
СледноAO: Синер без проблеми, Чилиќ непријатно изненади!