Рома без шанси на „Сан Сиро“, Милан запиша нова победа (ВИДЕО)

328

Фудбалерите на Милан на свој терен ја совладаа Рома 3:1 во 20. коло од италијанската Серија А. „Росонерите“ вечерва на Сан Сиро сосема заслужено стигнаа до трите бода, бидејќи беа многу подобри од гостите од Рим.

Јасин Адли во 11 минута погоди за водство од 1:0, а по центаршутот од левата страна, во 56 минута, Оливие Жиру зголеми и на 2:0.

Мала надеж за гостите беше голот од пенал на Леандро Паредес во 69 минута.

Сепак, се падна во вода за гостите во  84. минута кога проработи француската врска меѓу Жиру и Тео Ернандез, а дефанзивецот по двојното додавање испрати проектил над главата на Свилар за конечни 3:1.

ПретходноМарко Митев: Едноставно Германците се физички многу помоќни од нас!
СледноГут-Бехрами победи во супервелеслаломот во Алтенмаркт, а Фелер во слаломот во Венген