Во меч од второто коло на ЕХФ Европската лига, ракометарките на Локомотива Загреб изгубија со 25:27 од Шамбре во Франција. Најефикасна на мечот беше Андреа Седлоска која постигна шест голови за Локомотива, сепак, нејзиниот тим доживеа вториот пораз во групата.
Седлоска од 9 обиди постигна шест гола што е 67% ефикасност.
На првиот меч, во поразот од Турингер, Седлоска имаше лош настап и од два обиди не постигна ниту еден гол.
Идниот викенд Локомотива во Загреб ќе игра против романска Дунареа.