СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Една поинаква Швајцарија во Берлин, онаква како што и очекувавме. Против Франција оваа репрезентација одигра многу поинаку, на крајот успеа да се избори за реми (26-26) во првиот меч од второто коло во нашата групата А.
Лаубе со девет гола беше прв стрелец, шест од нив ги постигна во првото полувреме, Енди Шмид беше стрелец на пет погодоци од 12 обиди, Портнер запиша десет одбрани. На другата страна Мем имаше седум гола, додека Фабрегас шест.
Ракометарите на Швајцарија влегоа рамноправно на мечот, а веќе во 21 минута со двата гола на Лаубе поведе со 13-11. Франција не дозволи оваа средба да оди во непосакуван правец, Пранди и Деска се погрижија на одморот да биде 14-14.
Олимпискиот првак за три минути направи серија од 4-0 и поведе со 16-20 во 39 минута. Портнер уште еднаш покажа зошто е една од главните алки на Швајцарија, влезе во серија, а неговата репрезентација дојде на два гола разлика. По промашувањето на Пранди, 21-22, Мануел Зендер погоди за 21-22.
Наи и Мем не дозволија драма, веднаш ја вратија Франција на позитива од три гола (21-24). Но, противникот не остана без одговор, па брзо израмни на 24-24 и 25-25 за драма во финишот на дуелот. По новите 26-26, Ричардсон не реализираше напад на минута до крајот, на другата страна Швајцарија не реализираше, но важно успеа да дојде до бод.
Шпанија по убедливиот пораз од Хрватска на стартот на ЕП 2024 го запиша првиот триумф, ја совлада Романија со 24-36 (12-17) во рамките на второто коло во групата Б. Црна Гора пак беше поразена од Исланд со 30-31.