Фантастична идеја: Болниот Ериксон да го води Ливерпул на еден меч!

971

Легендарниот тренер Свен Горан Ериксон, деновиве јавно објави дека е тешко болен, имал рак на панкреасот и дека му останува само уште една година живот. Тоа наиде на запрепастување кај сите фудбалски фанови, посебно во Англија, каде беше селектор на оваа репрезентација.

Па од таму и една фантастична идеја, посебно ако се знае дека Ериксен кажа дека бил голем фан на Ливерпул и жали дека никогаш не седнал на клупата на тимот од “Енфилд“.

Па така медиумите во Англија имаат идеја на мечот меѓу легендите на Ливерпул и Ајакс, кој се игра во март, тимот на “Редси“ да го води токму Ериксон.

Обично на ваквите мечеви на Ливерпул тренер е Кени Далглиш, но тој секако дека нема да има ништо против да му ја препушти клупата барем на овој меч на болниот Ериксон.

ПретходноАнгличаните со критики за Хрватот: На Гвардиол му недостига фудбалска интелегенција!
СледноКузмановски: Ветувам поборбена Македонија! За германскиот систем не треба да трошиме зборови!