Херојот на Ф. Острови во една необична улога на својата фарма…

351

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Можевте ли да замислете дека остров со 50.000 жители ќе извади реми на едно ЕП на една ракометна велесила како што е Норвешка. Тоа што синоќа се случуваше во Берлин, досега е најубавата бајка на ова ЕУРО 2024 година. Малата земја која се вика Ф. Острови одигра 26:26 против Норвешка, а херојот на оваа земја е Елиас Елефсен Скипатогу, ракометарот кој го даде голот за својата репрезентација за реми.

Ракометарот на Кил, кога е дома, тогаш најчесто ужива на семејната фарма на Ф. Острови, каде се чуваат овци. Елиас не крие дека тука му е најубаво, дека тука се смирува, дека тоа го фасцинира. Секако дека сега откако обврските му се поголеми, тие денови и часови минати на фармата се се помалку.

Сепак убаво е да се види како еден врвен ракометар кој игра во Бундеслигата во една необична улога.

Инаку она што се случуваше синоќа во Берлин засекогаш ќе остане во аналите не само во ракометот туку и во спортот воопшто.

ПретходноЕкс-вардарецот со порака: Македонија е незгоден противник, на Германија нема да и биде лесно!
СледноПромоција: Брера се пофали со интернационалец од Нигерија! (ФОТО)