Хрватска и Шпанија во големото финале на ЕП во ватерполо

155

Ватерполо селекциите на Хрватска и Шпанија ќе играат во големото финале на Европското пренство кое се одржува во Загреб. Во фантастичната атмосфера на преполниот базен Младост, хрватската ватерполо репрезентација вечерва во второто полуфинале ја победи селекцијата на Унгарија со 11:8 и со тоа Хрватите ќе имаат шанса во вторник да ја бранат титулата на меч против селекцијата на Шпанија.

Шпанците во првиот полуфинален меч одигран денеска извојуваа победа над Италија со 7:4. За издвојување е настапот на шпанскиот голман Унаи Агире кој брилјираше со дури 14 одбрани, а не прими гол речиси 20 минути.

ПретходноСе врати на голема врата: Швајцарија и „скина“ бод на Франција!
СледноКАН 2024: Салах од пенал го спаси Египет од пораз (ВИДЕО)