Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ по четири часа го совлада Дин Прижмиќ во првото коло на Австралија опен, а по мечот тој се обрати на новинарите. Тој призна дека веќе неколку денови го мачи настинка.
„Не сум баш најдобар последните четири-пет дена, а тоа можете да го приметите по гласот. Пробувате да се изборите со тоа и да извлечете што е можно повеќе. Имав добар ривал, всушност за 18-годишник беше одличен. Слушам приказни за неговата дисциплина. Неговата посветеност на секојдневните рутини со 18 години го прави успешен. Ќе биде добар тенисер“, изјави Ѓоковиќ.
Наредниот дуел му е во среда.
„Можеби ќе го прескокнам тренингот во понеделник и ќе работам со полесно темпо само да го одржам телото во добра состојба. Минатата година не тренирав пред мечевите. Корисен е одмор после четири часа игра во првата рунда“, додаде Србинот.
Ѓоковиќ имаше повреда на зглобот но успеа да се врати за настап на АО, па сега ќе мора да ја надмине настинката во трката по уште еден трофеј на овој Грен слем турнир.