Aстон Вила освои бод на „Гудисон парк“ и деветти меч по ред не е поразена од Евертон

66

Екипите на Евертон и Астон Вила одиграа без голови во меѓусебниот дуел од 21.коло на Премиер лигата. На мечот имаше интересни моменти, а ќе беше уште подобар ако имаше и голови. Во 18 минута Морено постигна прекрасен гол, но судијата после реакција на ВАР го поништи поради претходен офсајд на еден фудбалер на Астон Вила.
Во 45 минута топка во празно доби Доминик Калверт-Луин кој излезе сам пред голот, но неговиот удар го одбрани Мартинез.
Во финишот на мечот две убави шанси имаше Астон Вила, прво Мети Кеш се најде во позиција но неговиот шут беше изблокиран за одбиената топка да ја шутне Мекгин но голманот одбрани.
Во наредната акција Докуре постигна гол за Евертон меѓутоа беше во офсајд.
Астон Вила деветти пат нема пораз од Евертон во Премиер лигата. Таа серија трае од август 2019 година, а Вила има седум победи, а три меча завршиле нерешено.

ПретходноВелковски: Мораме да ги лимитираме нивните лесни голови!
СледноНигерија киксна на првиот меч на Африканскиот куп (видео)