Со мечевите од 1.коло, утринава стартуваше Австралија Опен, првиот гренслем за оваа 2024 година. Јаник Синер, еден од најголемите фаворити за титулата, поточно еден од претендентите да го симне Новак Ѓоковиќ од пидесталот немаше проблеми и го победи Ботик ван де Зендшулп со 3:0 во сетови. Холанѓанецот немаше никакви шанси против Синер кој едноставно покажа сила и со 6:4, 7:5 и 6:3 лесно дојде до 2.коло.
Хрватот Марин Чичиж непријатно изненади, тој уште на стартот на АО е елиминиран од Фабијан Марошан од Унгарија со 1:3 во сетови.
За разлика од него Рубљев имаше проблеми против Бразилецот Сејбот Вилд, но сепак успеа да победи со 3:2.