Англичаните со критики за Хрватот: На Гвардиол му недостига фудбалска интелегенција!

1527

Во Манчестер Сити дојде како еден од најдобрите стопери во светот, платен беше баснословно, но се чини дејка Јошко Гвардиол е далеку од потребното, од она што го очекуваат фановите на Сити. Пеп Гвардиола и натаму има само убави зборови за Хрватот, ама прашање е до кога.

За разлика од него, медиумите на Островот за Матео Ковачиќ имаат само пофални зборови. Па така и по вчерашниот меч со Њукасл на гости кој Манчестер Сити го доби само поради Кевин Де Брујне, медиумите остро го нападнаа Гвардиол.

Гвардиол имаше свои моменти, одигра неколку топки во нападот, но и натаму дефанзивата му е послаба страна а тоа Њукасл го користеше. Му недостига подобро позиционирање и пред се фудбалска интелегенција“ се вели во дел од аналзите на медиумите во Англија.

ПретходноПред еден месец на Торонто му даде 40 поени, сега ќе игра за Ц. Звезда!
СледноФантастична идеја: Болниот Ериксон да го води Ливерпул на еден меч!