Денеска на ЕП: Шпанија по рехабилитација, Хрватска по печат на главната рунда!

115

И денеска на Европското првенство ќе има што да се гледа. А ако се земе во предвид вечерашното сценарио меѓу Ф.Острови и Норвешка, меч кој заврши без победник(26-26), во тој случај не смее да се потцени ниту една репрезентација која допатува во Германија.

Во нашата група А, Швајцарија игра против Франција (18 часот), додека два и пол часа подоцна, Македонија ќе се соочи со Германија.

На останатите средби, неверојатната Хрватска по убедливото издание печат на главната рунда ќе бара против Австрија (20:30 часот), пред оваа средба Шпанија по киксот на стартот оди по рехабилитација против Романија (18 часот).

Во групата Ц, Исланд игра против Црна Гора (18 часот), со победа веќе е во следната фаза, додека пак Србија по ремито во првото коло силите ќе ги одмери со Унгарија.

ПретходноПортугалците Даниел и Роберто Мартинс ќе и судат на Македонија со Германија!
СледноНеубедлив настап, но три бода за Лацио против Лече (видео)